• понеделник, 23 декември 2024

„Дигитални јамки и замки“ - дискусија за справување со малициозни инциденти на интернет за време на избори

„Дигитални јамки и замки“  -  дискусија за справување со малициозни инциденти на интернет за време на избори

Скопје, 17 април 2024 (МИА) - Делегацијата на Европската Унија и Јуроп хаус денеска во Велес организираат  дискусија насловена „Дигитални јамки и замки“ чија цел е преиспитување на личните и општествените капацитети за справување со организирани и изолирани малициозни инциденти на интернет за време на избори.

-Настанот го организира Делегацијата на Европската Унија во соработка со мрежата на Јуроп хаус во рамки на поставената соработка за градење отпорност кон дезинформации и промовирање на медиумската писменост во Северна Македонија, соопштија организаторите.

Говорници во дискусијата ќе бидат Мите Кузевски од Види вака, Борис Ристовски, ИТ-експерт од МЦМС, и Љубомир Давитков од ИТ.мк. хс/мд/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан