• вторник, 02 јули 2024

Дејан Недев на семинар со светската карате легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан

Дејан Недев на семинар со светската карате легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан
Tирол, 25 септември 2021 (МИА) – Викендов во Тирол, Австрија ќе се одржи меѓународен карате семинар со светската карате легенда Сенсеи Хироши Шираи 10 дан. На семинарот ќе учествува и најдобриот макетонски натпреварувач во традиционално карате, Дејан Недев. На семинарот ќе се презентираат најновите техники во традиционалното карате за натпреварувачките дисциплините: ен-бу, ката-бункаи и кумите. Шираи во моментов важи за еден од најдобрите карате инструктори во светот кој е најзаслужен за ширењето и квалитетот на овој спорт во Европа. Тој кој повеќе од 50 години живее и работи во Милано, Италија. Воедно, Шираи е најбараниот карате инструктор во светот и ученик на творецот на традиционалното карате Сенсеи Хидетака Нишијама (1928-2008) кој ја основа Светската карате федерација (ИТКФ). Во 2014 година Шираи има одржано семинар во Скопје. Беше одликуван со плакета од страна на Агенцијата за млади и спорт за придонес и развој на каратето во Македонија. зс/

Остани поврзан