За прв пат во историјата на НХЛ, повеќе од милијарда долари се потрошени во еден ден
- Клубовите од најсилната хокеарска лига на светот - НХЛ потрошија во текот на вчерашниот ден повеќе од милијарда долари за потпишување договори со играчи.
Вашингтон, 2 јули 2024 (МИА) - Клубовите од најсилната хокеарска лига на светот - НХЛ потрошија во текот на вчерашниот ден повеќе од милијарда долари за потпишување договори со играчи.
Според „Sportsnet“, ова е првпат толкава сума да се потроши за еден ден во северноамериканската лига.
Пазарот за слободни агенти во НХЛ беше отворен на 1 јули во 18 часот по македонско време.
Сезоната 2023/24 во НХЛ заврши пред една седмица. Шампиоснкиот трофеј го освои Флорида која во финалната серија го победи Едмонтон со 4:3. зс/
Фото: ЕПА