• вторник, 02 јули 2024

Дејан и Камелија Недев на европски куп во Катовице, Полска

Дејан и Камелија Недев на европски куп во Катовице, Полска
Катовице, 4 октомври 2021 (МИА) - Од денес до 6 октомври 2021 година во Катовице, Полска ќе се одржи Европскиот Куп во традиционално карате за деца, кадети, јуниори и сениори. На ова првенство ќе учествуваат и македонските каратисти Дејан Недев во сениорска конкуренција и Камелија Недев во конкуренција на деца. На Европското првенство во Катовице учествуваат над 500 каратисти од 28 држави. зс/

Остани поврзан