• вторник, 05 ноември 2024

Дендиас: Грција сака да игра поцентрална улога во безбедноста на ЕУ

Дендиас: Грција сака да игра поцентрална улога во безбедноста на ЕУ

Атина, 4 март 2024 (МИА) – Грција, домаќин на штабот на операцијата на ЕУ за заштита на бродовите од нападите на Хутите во Црвеното Море, се надева дека ќе одигра поцентрална улога во обезбедувањето на безбедноста на блокот од 27 земји, вели грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас во интервју за „Ројтерс“, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас истакнува дека „мораме да можеме да се браниме“, додавајќи дека Европската унија може да го постигне тоа во соработка со НАТО и другите сојузници.

-Она што се обидуваме да го направиме е да имаме домашна одбранбена индустрија во Грција и Европа, која би можела да ги задоволи потребите на Европската унија, посочува Дендиас.

Операцијата на ЕУ „Аспидес“, што на грчки значи „Штитови“, има за цел да ги штити бродовите од напади на Хутите, а минатата седмица грчката фрегата „Идра“ отплови кон Црвеното Море.

Министерот за одбрана на Грција истакна дека „важно е да успееме“. 

-Не можете да бидете крстопат ако патиштата не постојат или не функционираат. Така што за нас (Грција) ова е огромна закана директно и индиректно, посочи Дендиас. ср/сд/

Остани поврзан