• петок, 22 ноември 2024

Делчевските производители се обучуваа за заштита и прехрана на растенијата од семе до плод

Делчевските производители се обучуваа за заштита и прехрана на растенијата од семе до плод

Делчево, 27 јуни 2024 (МИА) - Во организација на Здружението на производители на органски производи „Аронија“ во Делчево се одржа обука на тема „Заштита и прехрана на растенијата од семе до плод". Предавач на обуката беше Билјана Бановиќ од платформата ,,Траг Биљке" од Бања Лука, БИХ, која одржа онлајн едукација со производителите од делчевско. 

-На обуката присуствуваа локални производители и членови на „Аронија“ кои имаат свои тезги на локалниот пазар. Обуката беше задоволителна и присутните поставуваа прашања во однос на расадот и прехрана на растенијата, истакна Фиданчо Христов, претседателот на здружението.

Активноста се реализира во рамки на проектна иницијатива на Фондацијата за развој на локаната заедница од Штип.

-Проектот е наречен ,,Направи разлика, направи промена", а нашата цел со оваа обука е да направиме промена во начинот на производство и заштита на растенијата кај локалните земјоделци и членовите на здружението, додаде Христов.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од УСАИД. всдма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан