• четврток, 01 август 2024

„Делта ер лајнс“ ќе загуби 500 милиони долари поради прекинот предизвикан од „КраудСтрајк“

„Делта ер лајнс“ ќе загуби 500 милиони долари поради прекинот предизвикан од „КраудСтрајк“

Вашингтон, 31 јули 2024 (МИА) - Извршниот директор на „Делта ер лајнс“ (Delta Air Lines), Ед Бастијан изјави дека авиопревозникот ќе загуби 500 милиони долари поради прекинот предизвикан од „КраудСтрајк“ (CrowdStrike).

Авиокомпанијата „Делта ер лајнс“ помеѓу главните американски авиопревозници најбавно се опоравува по глобалните проблеми со оперативниот систем „Виндоус“ (Windows) на „Мајкрософт“ (Microsoft) на 19 јули, што доведе до откажување на повеќе од 2.200 летови.

„Делта ер лајнс“ претходно соопшти дека ангажирала адвокатска фирма и дека ќе бара компензација од „Мајкрософт“ и „КраудСтрајк“ поради откажувањето на летовите.

Минатата недела, американското Министерство за транспорт, исто така, објави дека ќе отвори истрага за „Делта ер лајнс“ по откажувањето на летовите поради прекинот. ми/

Остани поврзан