• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Делови од Скопје утре без струја поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа

Делови од Скопје утре без струја поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа

Скопје, 29 јануари 2025 (МИА) -  Корисниците од ул. „Васил Ѓоргов“ во Центар и од „Јуриј Гагарин“ во Карпош утре (30 јануари) од 9 до 14 часот ќе немаат струја поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа.

По добиено известување од ЕВН Македонија АД, РЦУК-Скопје информира дека од 9 до 15 часот утре без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците во Стопански двор - Волково и од 9 до 14:30 часот корисниците од ул. „Сагудати“ во општина Ѓорче Петров. 

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, од 9:30 до 14 часот утре струја ќе немаат и корисниците од населбата Усје во општина Кисела Вода. хс/са/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан