Делегација на општина Дебар во Тирана во посета на Здружението на дебрани по потекло
- Делегација на општина Дебар, предводена од градоначалникот Хекуран Дука, престојуваше во Тирана, на покана на Здружението „Дебарска заедница“.
Дебар, 1 април 2024 (МИА) - Делегација на општина Дебар, предводена од градоначалникот Хекуран Дука, престојуваше во Тирана, на покана на Здружението „Дебарска заедница“.
-На наше големо задоволство престојувавме во Тирана, меѓу многубројната заедница на нашинците. Тоа на покана на Здружението „Дебарска заедница“ предводено од професорот Бујар Капеџиу и Самир Шатку. Разменивме мислења околу досегашната соработка и изразивме подготвеност за нејзино проширување во повеќе области, информираше градоначалникот Дука, преку објава на Фејсбук.
Оценува дека ова здружение игра важна улога во „зачувувањето на традицијата и дебарската култура во Тирана“.
Во албанскиот главен град живеат повеќе десетици илјади граѓани чие потекло е од Дебар и се успешно интегрирани во сите сфери.
- Благодариме и за укажаната почит да бидете заедно и на традиционалниот заеднички ифтар. Посакавме за многу години да е светиот месец Рамазан, прифатен пост, среќа, добро здравје и напредок за сите дебрани каде и да се, но и за целиот свет, се наведува во објавата. вт/мд/
Фото: Дука Фб