• вторник, 05 ноември 2024

Декември беше најтопол во изминатите 15 години во четири грчки региони

Декември беше најтопол во изминатите 15 години во четири грчки региони

Атина, 2 јануари 2024 (МИА) – Минатиот месец бил најтоплиот декември во изминатите 15 години во четири грчки области, односно во северна Грција, во областа Тесалија, на Крит и на островите во Егејското море, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, јави дописничката на МИА од Атина.

Податоците се од мрежата од 52 метеоролошки станици кои работат од 2010 година, а во декември дневните температури биле екстремно високи речиси во целата земја споредбено со просекот од периодот 2010-2019 година.

-Декември се карактеризираше со многу денови со позитивни температурни отстапувања и беше најтоплиот декември од 2010 година. Во Северна Грција, Тесалија и островите во Егејското Море беа регистрирани најголеми позитивни температурни отстапувања, со просечни месечни вредности кои се движат до 3,3 степени Целзиусови над нормалните нивоа за сезоната. Особено топол, декември беше и во централна Грција (+2,4 степени), пишува „Метео“.

Во Атина, температурата била за 2,3 степени повисока од просечната за конкретниот период, а 26 од 31 ден во месецот биле потопли од нормалните нивоа, додека пак во Солун 24 дена во декември биле потопли од просечната вредност во периодот 2010-2019 година.ср/сд/

Остани поврзан