• недела, 22 декември 2024

Деветтата меѓународната конференција за заштита на океаните ќе се одржи следната седмица во Атина

Деветтата меѓународната конференција за заштита на океаните ќе се одржи следната седмица во Атина

Атина, 8 април 2024 (МИА) – Над 120 учесници од 113 земји, меѓу кои 12 лидери на држави или влади и околу 50 министри од целиот свет, ќе учествуваат на деветтата меѓународна конференција „Наш океан“ („Our Ocean Conference 2024”) што на 16 и 17 април ќе се одржи во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција првпат е домаќин на конференција што главна цел има заштита на океаните, а министри за надворешни работи, земјоделство и животна средина и енергија, на прес-конференција во грчкото МНР денеска ги презентираа деталите.

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетртис истакна дека целта на конференцијата е да има опипливи резултати и опипливи активности што ќе го подобри нивото на заштита на животната средина. 

Конференцијата има шест главни теми: климатски промени, поморска безбедност, одржливо рибарство, морско загадување, морски заштитени подрачја и одржлива сина економија .

Паралелно, како што информира министрите, Грција како земја домаќин ќе ги истакне и сопствените цели, како што се промовирање на одржливоста, зелено поморство, намалување на пластиката во морињата, како и зелена транзиција во Медитеранот. 

Герапетритис истакна дека станува збор за една од најголемите конференции што ги организира земјата. ср/ссм/

Остани поврзан