• среда, 03 јули 2024

Двајца загинаа во силното невреме во Црна Гора

Двајца загинаа во силното невреме во Црна Гора

Подгорица, 2 јули 2024 (МИА) - Две лица загинаа во силното невреме што денеска ја погоди Црна Гора.

Турски државјанин загина во Чањ при уривање на кран поради силното невреме. Едно лице загина од удар на гром во Луштица на теренот за голф Луштица Беј, јавија црноорските медиуми повикувајќи се на сооппшение од полицијата.

Невремето, кое веќе ги погоди Словенија, Хрватска и Србија, стигна и до Црна Гора, предизвикувајќи сериозни штети.

Поројниот дожд и ураганските ветрови откорнаа дрвја, предизвикаа голем сообраќаен хаос, објавија локалните медиуми.

Црногорските власти ја опишаа штетата како „огромна“. мс/

Остани поврзан