• сабота, 13 април 2024

Дачиќ: Подготвени сме да ја продолжиме соработката со СНС и со Вучиќ

Дачиќ: Подготвени сме да ја продолжиме соработката со СНС и со Вучиќ

Белград, 4 март 2024 (МИА) - Носителот на листата „Ивица Дачиќ - премиер на Србија“, и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ изјави дека таа коалициона листа е подготвена да ја продолжи соработката со Српската напредна странка (СНС) и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека сите државни органи ќе бидат конституирани во следните недели, јави дописникот на МИА од Белград.

-Веќе неколку пати кажавме и денеска повторивме дека сме горди на сите добри резултати што ги постигнавме заедно од 2012 година и дека веруваме дека е од витално значење за развојот и иднината на Србија да се зачува политичката стабилност, бидејќи тоа е предуслов за одбрана на државниот национален интерес, но и за остварување на развојните цели, изјави Дачиќ по разговорот со претседателот Вучиќ во рамки на консултациите за мандатот за состав на новата влада.

Тој додаде дека во Белград може да се види дека доколку нема политичка стабилност, многу време ќе се потроши за прашања од второстепена важност.

-Разговор кој го потврдува она што го зборувавме изминативе месеци, а тоа е дека заеднички сме заинтересирани да ја продолжиме соработката, рече Дачиќ.

Вучиќ подоцна денеска ќе има консултации со претставници на коалиционата листа собрани околу Српската напредна партија. об/ссм/

Остани поврзан