• понеделник, 23 декември 2024

Г7 ја потврдија поддршката за создавање палестинска држава

Г7 ја потврдија поддршката за создавање палестинска држава

Токио, 7 декември 2023 (МИА) - Лидерите на земјите од Г7, на нивната синоќешна видеоконференциска средба, повикаа на „враќање на поширокиот мировен процес“ меѓу Израелците и Палестинците.

Со тоа тие ја потврдија својата поддршка за создавање на палестинска држава.

„Остануваме посветени на создавањето палестинска држава како дел од решението за две држави што им овозможува на Израелците и Палестинците да живеат во праведен, траен и безбеден мир“, се наведува во соопштението од состанокот на Г7, организиран од јапонскиот премиер Фумио Кишида. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан