• недела, 30 јуни 2024

Гундоган прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата за јануари

Гундоган прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата за јануари
Лондон, 12 февруари 2021 (МИА) - Играчот за врска на Манчестер сити, Илкај Гундоган е прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата во јануари, објави прес-службата на лигата. Фудбалерот постигна пет погодоци минатиот месец и имаше успешни настапи против Челзи, Кристал Палас и Вест Бромвич. Гундоган му помогна на Сити да оствари шест победи во низа. Триесетгодишниот фудбалер ја доби оваа награда за прв пат. Покрај тоа, Гундоган е првиот играч на Сити кој ја заработи оваа награда по напаѓачот Серхио Агуеро во јануари 2020 година. зс/

Остани поврзан