• недела, 30 јуни 2024

Гундоган е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за февруари

Гундоган е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата за февруари
Лондон, 12 март 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Илкај Гундоган, е прогласен за играч на месецот втор пат по ред. Истата награда ја освои во јануари. Во февруари, 30-годишниот фудбалер учествуваше на пет натпревари во англискиот шампионат. Гундоган забележа асистенција против Барнли (2:0) и постигна два гола, против Ливерпул (4:1) и Тотенхем (3:0). Оваа сезона, Гундоган одигра 32 натпревари за „граѓаните“, на кои постигна 14 погодоци и направи три асистенции. Манчестер сити е на првото место во поредокот во Премиер лигата, со 14 бода предност пред Манчестер јунајтед. зс/

Остани поврзан