Грција испраќа два канадери во Шпанија за гаснење на пожарите
- Во рамките на механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, Грција позитивно одговори на барањето на Шпанија за помош во справувањето со големите шумски пожари, нудејќи два противпожарни авиони од типот канадер ЦЛ-415, информираа од Министерство за климатска криза и цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина
Атина, 24 јули 2026 (МИА) – Во рамките на механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, Грција позитивно одговори на барањето на Шпанија за помош во справувањето со големите шумски пожари, нудејќи два противпожарни авиони од типот канадер ЦЛ-415, информираа од Министерство за климатска криза и цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина.
Шпанската страна веќе ја прифатила грчката помош, а во тек е процесот на финализирање на оперативните детали.
Авионите, планирано е да слетаат на аеродромот во Мадрид и да интервенираат во регионот на Толедо.
Паралелно, според надлежното Министерство, се врши процена на актуелните временски услови долж планираната рута, бидејќи метеоролошките услови може да влијаат врз времето и начинот на распоредување на воздушните средства. ср/ми/
Фото: Архива МИА