Нетанијаху во вторник на средба со Трамп во Белата куќа
- Се очекува тој да присуствува и на погребот на републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој важеше за исклучителен пријател на Израел. Греам, кој беше влијателна фигура во односите меѓу САД и Израел, почина на 11 јули.
Вашингтон, 24 јули 2026 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху во вторник се очекува да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа, јави ДПА, повикувајќи се на соопштение од прес-службата на израелската влада.
Според денеска објавеното соопштение, Нетанијаху ќе отпатува за Вашингтон во понеделник на покана на Трамп.
Се очекува тој да присуствува и на погребот на републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој важеше за исклучителен пријател на Израел. Греам, кој беше влијателна фигура во односите меѓу САД и Израел, почина на 11 јули. ссм/
фото: архива