• петок, 22 ноември 2024

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски бара општинскиот Совет да заседава за новопредложениот ребаланс

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски бара општинскиот Совет да заседава за  новопредложениот ребаланс

Битола, 1 септември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Битола Тони Коњановски побара Советот на Општина Битола да закаже седница и да го изгласа новопредложениот ребаланс на буџетот на таа локална самоуправа.

На прес конференција во Битола, градоначалникот Коњановски информира дека на сметката на општинскиот буџет има 184.029.536 денари, кои треба да се вложат во изработени проекти.

-Сега на ред е Советот, преку усвојување на новиот ребаланс на буџетот да овозможи реализација на проектите и поддршка за напредок на Битола во сите области, кои се во надлежност на локалната самоуправа. Јас како градоначалник и општинскиот совет, имаме обврска да поддржуваме развој, а не општината да ја претвориме во штедилница. Имајќи предвид дека упорно се манипулира јавноста за некаков криминал, не се закажува седница, се тактизира, а работните тела сеуште, немаат усогласен став во однос на новиот ребаланс на буџетот кој го доставив до советниците, а во кој се вклучени најголемиот дел од нивните амандмани, денес јас и граѓаните на Битола, очекуваме одговори за спортот, капиталните инвестиции, животната средина и други проекти, изјави Коњановски.

Со ребалансиораниот буџет ќе бидат обезбедени средства за изградба на влезот во Битола од страната на Охрид и дополнување на проектот за реконструкција на улица Довлеџик со кружен тек, реконструкција на влезот од Прилеп, изготвување на проектна документација за реконструкција на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ и други проекти беше посочено на прес конференцијата во Општина Битола. мт/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан