Градоначалникот Меља изврши увид во градежните работи на три локални улици во Дебар
- Градоначалникот на Дебар Фисник Меља заедно со тимот на Општината и координаторите на проектот извршија увид во градежните работи што се изведуваат на три улици во градот, информираа од општинската пресс-служба.
Дебар, 2 декември 2025 (МИА) – Градоначалникот на Дебар Фисник Меља заедно со тимот на Општината и координаторите на проектот извршија увид во градежните работи што се изведуваат на три улици во градот, информираа од општинската пресс-служба.
- Овие проекти се дел од нашата заложба за подобрување на локалната инфраструктура, обезбедувајќи висок квалитет на изведбата и почитување на предвидените рокови. За нас, секој метар уредена улица претставува чекор напред кон поврзан, побезбеден и поубав Дебар за живеење, оценил Меља.

Искажал убедување дека многу набрзо работите ќе бидат завршени и улиците ќе бидат ставени во служба на жителите кои, како што рекол, заслужуваат уште повеќе, па како локална власт, ќе продолжат преку разни извори да обезбедуваат средства за реализација на инфраструктурни и други проекти.
Улиците целосно се реконструираат со средства добиени на првот повик на Министерството за локална самоуправа од унгарскиот кредит. вт/мд/
Фото: Општина Дебар