• понеделник, 23 декември 2024

„Градиме иднина“: Да се стави крај на злоупотребите над децата кои питачат 

„Градиме иднина“: Да се стави крај на злоупотребите над децата кои питачат 
Кавадарци, 29 април 2022 (МИА) - Да се стави крај на злоупотребите над децата кои питачат, апелираше денеска претседателот на Здружението „Градиме иднина“, Илија Јовановиќ. На прес-конференција во Кавадарци, тој информираше дека работат на истражување на терен, согледување на состојбата со деца кои питачат низ целата држава. Истовремено, како што нагласи, со поддршка на надлежните институции и локални самоуправи, работат на решавање на овој долгогодишен проблем. -Деца питачат секојдневно на булевари, семафори, крстосници, пред угостителски објекти, насекаде. За жал, парите кои ги добиваат со питачење, а не се малку пари, во најголем дел завршуваат кај возрасни лица, соопшти претседателот на „Градиме иднина“. Тој посочи дека Здружението бара и построги казни за злоупотребувачите на деца, без разлика дали злоупотребата е од нивните биолошки родители или од некој друг. Според информациите на Здружението, 10 до 15 деца, секојдневно питачат во Кавадарци. свд/вј/  

Остани поврзан