• петок, 22 ноември 2024

Германскиот министер за транспорт ќе остане на функцијата, ја напушта својата партија

Германскиот министер за транспорт ќе остане на функцијата, ја напушта својата партија

Берлин, 7 ноември 2024 (МИА) – Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг во денеска изјави дека планира да остане на функцијата и покрај распадот на германската коалициска влада и дека ја напушта својата Слободна демократска партија (ФДП).

Во исто време, ДПА дознава дека германскиот канцелар Олаф Шолц го назначи Јерг Кукиес, неговиот поранешен економски советник, за наследник на разрешениот министер за финансии, Кристијан Линднер.

Шолц го отпушти Линднер, лидерот на про-бизнис ФДП, и повика на гласање за доверба во парламентот на 15 јануари, што може да предизвика предвремени избори.

ФДП потоа ги повлече сите свои министри од владата, со што фактички стави крај на владината тристрана коалиција. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан