• недела, 17 ноември 2024

Германија нема повеќе да производува ураниум

Германија нема повеќе да производува ураниум
Берлин, 1 јуни 2021 (МИА) - Од германската државна компанија „Висмут Коенингстеин“ (Wismut Koeningstein), што е лоцирана во близина на Дрезден, денеска е доставена последната пратка со ураниум. Таа содржи 19,5 тони смеса вода и ураниум оксид, што беше складирана во два силоса. Од 1997 година смесата од ураниум беше продавана на американската компанија „Нуклеар фуелс“ (Nuclear Fuels). Продажбата се одвиваше под надзор на Европска заедница за атомска енергија и Меѓународната агенција за атомска енергија. Производството на ураниум во Германија беше предвидено да заврши во 1990 година, но при чистењето на наследеното производство во покраините Саксониј и Тирингија произведени се 3.350 тони ураниум. До 1990 година поранешна Источна Германија беше четврти производител на ураниум во светот. Од 1946 до 1990 година Источна Германија достави 216.350 тони ураниум на тогашен Советски Сојуз, кој радиоактивниот елемент го користеше во своите нуклеарни програми. По 1991 година се санираат штетите од контаминацијата предизвикана од копањето ураниум. За таа цел германската Влада обезбеди 6,8 милијарди евра. ми/

Остани поврзан