• вторник, 17 декември 2024

Израелскиот претседател го откажа патувањето за КОП29 поради безбедносни причини

Израелскиот претседател го откажа патувањето за КОП29 поради безбедносни причини

Тел Авив, 16 ноември 2024 (МИА) - Израелскиот претседател Исак Херцог ја откажа планираната посета на Конференцијата на ОН за климатски промени во Азербејџан поради „безбедносни грижи“, соопшти денеска неговиот кабинет, без да даде дополнителни детали.

Израелските медиуми шпекулираа дека постои загриженост за можни ирански напади врз израелски цели во Азербејџан, кој е домаќин на разговорите на КОП29 што се водат во Баку.

Херцог отпатува за Азербејџан за прв пат во државна посета во мај 2023 година.

Оваа претежно муслиманска земја се смета за важен геостратешки партнер за израелската влада бидејќи се граничи со Иран. Односите меѓу Баку и Техеран генерално беа ладни. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан