• вторник, 17 декември 2024

Протест на британските фармери поради најавата за данок на наследство

Протест на британските фармери поради најавата за данок на наследство

Лондон, 16 ноември 2024 (МИА) - Околу 200 земјоделци протестираа денеска во седиштето на владејачката Лабуристичка партија на британскиот премиер Кир Стармер поради неговата најава за данок на наследството на земјоделското земјиште.

Во Ландудно, на северот на британската провинција Велс, беа донесени десетици трактори и друга земјоделска механизација со натписи „Даноци на труд = недостиг на храна“ и „Работничка војна на селата“.

Новиот данок на наследство, кој би го придружувал националниот буџет за 2025 година, би се однесувал на земјоделските стопанства вредни повеќе од еден милион фунти (1,20 милиони евра).

Според Министерството за финансии, околу три четвртини од земјоделците нема да бидат засегнати од данокот, но според Секторот за рурални работи, вредноста на 66 отсто од фармите е над милион фунти.

Фармерите од цела Велика Британија планираат да протестираат во Лондон во вторник.

Во говорот на конференцијата на велшкиот огранок на Лабуристичката партија, Стармер не спомна таков данок, но рече дека ќе ги брани „тешките одлуки“ што неговата влада ги донесе „за да ја стабилизира економијата“.

Земјоделците рекоа дека ќе му предадат на премиерот писмо кое започнува со зборовите „Не ја гризај раката што те храни“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан