• петок, 02 август 2024

Гвардиола: Многу ми се допадна Барселона на Флик

Гвардиола: Многу ми се допадна Барселона на Флик

Орландо, 31 јули 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола искажа комплименти за играта на Барселона на меѓусебниот контролен натпревар во Орландо.

- Навистина ми се допадна Барселона на Флик. Сезоната е долга, но ми се допаднаа. Позиционата игра им беше извонредна, крилните играчи делуваат како напаѓачи, внатрешните играчи излегуваат напред, бековите го напаѓаат просторот. Играта беше фантастична, со многу шанси, не знам точно колку удари примивме. Мислам дека и противникот беше задоволен, изјави Гвардиола за „Мундо Депортиво“.

Следниот пријателски натпревар Манчестер сити го игра на 4 август против Челзи, додека Барселона истиот ден ќе игра против Реал Мадрид.

Ханс Флик го презеде тренерското место на каталонскиот клуб на 29 мај 2024 година. Договорот е до крајот на сезоната 2025/26. 

Под водство на Флик, Барселона одигра два пријателски натпревари и ги доби двата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан