• вторник, 05 ноември 2024

Во Центар Жупа само 26 првачиња, во гимназијата 22 ученика во прва година

Во Центар Жупа само 26 првачиња, во гимназијата 22 ученика во прва година

Дебар, 2 септември 2024 (МИА) - Во двете основни и нивните подрачни училишта, во општина Центар Жупа, во ученичка клупа по првпат денеска седнаа 26 првачиња, што е за 13 помалку во однос на минатата, односно 23 помалку во однос на претходната учебна година.

-Во ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Центар Жупа се 11 првачиња од нив седум се за настава на турски наставен јазик во училиштето во Центар Жупа, додека четири се за настава на македонски, од нив три во подрачното училиште во село Броштица и едно во село Горенци. Во училиштето во Центар Жупа, каде настава се изведува и на македонски и на албански наставен јазик, за првпат немаме првачиња по овие два наставни јазика, рече за МИА, Фехми Скендер, директор.

Според него на трите наставни јазици настава следат 200 ученици од нив 52 ученика на македонски, 137 на турски и 11 на албански
јазик. Во ООУ „Неџати Зеќерија“ во Коџаџик, Горна Жупа, каде настава се изведува само на турски наставен јазик запишани се 15 првачиња, што е за шест помалку споредено со минатата учебна година.

-Според матичната книга на родени за оваа учебна година требаше да се запишат 40 првачиња, но настава почнаа само 15. За првпат
прваче немаме во подрачното училиште во Брештани, а во најголемото подрачно училиште, она во Новак, имаме само три првачиња. Во училиштето во Коџаџик и останатите пет подрачни училиишта настава следат вкупно 227 ученици, рече за МИА, Аќив Селман, директор на училиштето.

Во оваа општина, масовната миграција влијае и на бројот на ученици во гимназијата „АТА“, каде во прва година, според директорот Сабри Асан, запишани се само 22 ученика, од нив четири за настава на македонски и 18 на турски наставен јазик. Вкупната бројка на ученици во гимназијата е 90.

Според Конкурсот на министерството за образование и наука во прва година за учебната 2024/ 2025 година предвидено беше да се запишат 68 ученици во две паралелки, по една на двата наставни јазика. вт/вг/


Фото: МИА

Остани поврзан