• понеделник, 23 декември 2024

Во Турција едно лице загина, а 12 се повредени во инциденти на денот на локалните избори

Во Турција едно лице загина, а 12 се повредени во инциденти на денот на локалните избори

Анкара, 31 март 2024 (МИА) - Едно лице загина, а 12 се повредени во Турција при инцидент за време на локалните избори во Дијарбекир, град со претежно курдско население, соопшти тамошното Министерство за здравство.

„За време на изборите дојде до судири меѓу две групи при што едно лице загина, а 12 се повредени“, информираат локалните власти.

Во Турција денеска се одржуваат локални избори на кои повеќе од 61,4 милиони гласачи се поканети да изберат функционери во 81 турска провинција, општина и град, вклучувајќи ги и најголемите. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан