• недела, 20 октомври 2024

Во Тетово се одржа традиционалната „Мултиетничка средба“ на пензионери

Во Тетово се одржа традиционалната „Мултиетничка средба“ на пензионери

Тетово, 20 октомври 2024 (МИА) - Здружението на пензионери од Тетово денеска ја одржа традиционалната „Мултиетничка средба“, која се одржува секоја година во градот од 1998 година со исклучок на 2020 и 2021 година поради пандемијата. Тетовските организатори велат дека пензионери на оваа средба доаѓаат од сите градови и региони на државата и на тој начин даваат поддршка на оваа манифестација.

- Денешната мултиетничка средба се одржува веќе 26 години, почнувајќи од далечната 1998 година, најпрвин во организација на активот на жените во нашето здружени. Средбата е и симбол и препознатливост на нашиот град, кој опстојувал и ќе опстојува темелејќи се на соживотот на сите етнички заедници што живеат тука, истакна на отворањето на средбата, Мирко Јовчевски, претседател на Собранието на Здружението на пензионерите од Тетово.

Целта на оваа манифестација е запознавање, дружба и веселба на пензионерите од цела држава.

- Посакувам оваа традиција на заедничко дружење да продолжи и во наредните години, не само во Тетово, туку и во сите градови и здруженија во нашата земја. На таквите средби да се обезбеди учество и на здруженија од соседните земји кои се збратимени со здруженија од нашата земја, на кои ќе им овозможиме да учествуваат на една ваква мултиетничка средба се со цел ваквите позитивни примери да ги пренесат ви нивните средини, истакна Јовчевски.

Низ цела Македонија постојат 53 здруженија на пензионери со над 270 илјади членови од вкупно 340 илјади пензионери. ас/цр

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан