• сабота, 04 мај 2024

Во Тексас и Калифорнија уапсени десетици студенти кои демонстрираа против војната на Израел во Газа

Во Тексас и Калифорнија уапсени десетици студенти кои демонстрираа против војната на Израел во Газа

Вашингтон, 25 април 2024 (МИА) - Американската полиција уапси повеќе десетици студенти во Тексас и Калифорнија, кои протестираа против војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Во Тексас вчера се уапсени 34 лица, по судирот меѓу демонстрантите и полицијата и полициската коњаница, а меѓу уапсените е и новинар на американската ТВ станица Фокс, јавија американските медиуми.

Студенти од Тексас побарале нивниот универзитет да прекине секаква соработка со компаниите што произведуваат и продаваат оружје на Израел, пишува Индипендент.

Апсењата минаа помирно во Калифорнија, каде беа уапсени околу 20 студенти кои претходно три дена беа забарикадирани во зградата на универзитетот, на што универзитетот одговори со организирање онлајн часови.

Претходно, на почетокот на неделата, полицијата соопшти за 133 приведени демонстранти на Универзитетот Колумбија во Њујорк и околу 40 на Универзитетот Јејл.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан