• среда, 10 јули 2024

Во Скопје изречени 126 мерки од областа на сообраќајот

Во Скопје изречени 126 мерки од областа на сообраќајот

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - На територија на Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 126 мерки за прекршоци во сообраќајот. 

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека се изречени 10 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за користење на мобилен телефон, четири санкции за минување на црвено светло и седум мерки за некористење на сигурносен појас. 

Полициските службеници изрекле и 15 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл. бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан