• четврток, 11 јули 2024

Митески: Град Скопје под итно да го стави Вардариште под контрола

Митески: Град Скопје под итно да го стави Вардариште под контрола

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Заменик-градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески побара од Град Скопје под итно да го стави под контрола Вардариште откако синоќа жителите на Аеродром беа вознемирени од високите пламени оган и густ чад со неподнослива миризба што доаѓаше од оваа дива депонија.

Митески заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски денеска излегоа на локацијата за да ја увидат состојбата по големиот пожар. Станува збор за локација што се наоѓа покрај реката Вардар на територијата на Општина Гази Баба, но е под надлежност на Град Скопје.

Како што соопшти Општина Аеродром, Митески реагира до Град Скопје поради долгогодишната негрижа и запоставување на овој дел од Скопје, каде што има и диво населени жители. Тој ги повика надлежните да изнајдат начин и механизам за обезбедување на целиот тој простор, односно да се ограничи пристапот со цел да нема фрлање и палење отпад од несовесни граѓани.

Општините Аеродром, Гази Баба и полицијата ќе ги преземат сите неопходни мерки што се во нивна надлежност, ќе ги зајакнат инспекциските и полициските контроли и патроли со цел да превенираат вакви или слични настани.

Локалните влаасти на Аеродром потсетуваат дека општинскиот Инспекторат за животна средина е првиот орган којшто минатата година до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за палење оган на отворен простор. Кривичната пријава е во постапка и се очекува што поскоро нејзино решавање./са/

Форо: Општина Аеродром

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан