• сабота, 29 јуни 2024

Во Скопје вчера изречени 125 казни за сообраќајни прекршоци

Во Скопје вчера изречени 125 казни за сообраќајни прекршоци

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје вчера при контрола на сообраќајот во главниот град изрекол 125 санкции.

Како што соопшти МВР, 16 од нив биле за возење без возачка дозвола, седум  за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири казни за користење мобилен телефон при возење, три за некористење на сигурносен појас...

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе  продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан