Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Струга
- На улицата „Партизанска“ во Струга вчера патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта, на која потоа и се констатирани тешки телесни повреди.
![Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Струга](https://new.mia.mk/images/20240629121200_big_730x400_8.webp )
Скопје, 29 јуни 2024 (МИА) - На улицата „Партизанска“ во Струга вчера патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта, на која потоа и се констатирани тешки телесни повреди.
Како што информираат од МВР, со возилото управувала Е.Х.(51) од ресенското село Крани.
-Малолетничката е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи, се наведува во соопштението на МВР. бт/вг/
Фото: МИА Архива