• понеделник, 15 декември 2025

Во последното деноноќие во Албанија регистрирани 21 шумски пожар

Во последното деноноќие во Албанија регистрирани 21 шумски пожар

Тирана, 12 јули 2025 (МИА) – Во последното деноноќие во Албанија се регистрирани 21 шумски пожари, јави АТА, повикувајќи се на соопштение од албанското Министерство за одбрана.

Министерството информира дека пет шумски пожари сè уште не се изгаснати. Активни остануваат два пожари во округот Дибра, еден во округот Тирана, еден во Елбасан и еден во Корча, пренесе БТА.

Шумските пожари се регистрирани во области со грмушеста вегетација, а досега се изгорени површини од 91 хектар и 20 маслинови дрвја.

Во операциите за гаснење на пожарите биле ангажирани 38 противпожарни возила и 459 пожарникари. Вчера во гаснењето на пламените се вклучиле и албанските вооружени сили со 90 војници и три хеликоптери.

Според прогнозите на албанскиот Институт за геонауки, не се очекуваат врнежи на територијата на Албанија.

Окрузите за кои има издадено предупредување за висок ризик од пожари се Драч, Тирана, Фиер и Валона.

Министерството за одбрана ги повика албанските граѓани да не палат оган на отворено, да не горат отпад и да избегнуваат какви било дејствија што би довеле до предизвикување пожари. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан