Во поплавите во Мјанмар загинаа 19 лица, евакуирани над 3.000
- Најмалку 19 лица загинаа во поплавите во Мјанмар, а 3.600 луѓе се евакуирани во побезбедни подрачја, објави странските агенции.
Рангун, 13 септември 2024 (МИА) - Најмалку 19 лица загинаа во поплавите во Мјанмар, а 3.600 луѓе се евакуирани во побезбедни подрачја, објави странските агенции.
Вкупно 162 квадратни километри од областа околу главниот град Нејпида беа поплавени вчера, покажува анализата според сателитски снимки на Единицата за управување со информации во Мјанмар (МИМУ) поддржана од Обединетите нации.
Според резултатите од таа анализа, уште 366 квадратни километри околу Мандалај, вториот по големина град во Мјанмар, исто така е под вода.
„Вкупно 3.602 лица се спасени и евакуирани на 30 локации“, објави на Фејсбук противпожарната служба.
Околу една третина од 55-те милиони жители на Мјанмар имаат потреба од хуманитарна помош, но работата на многу хуманитарни агенции, како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст, е попречена во многу области поради ограничувањата за пристап и безбедносните ризици.
Неповолните временски услови предизвикани од тајфунот Јаги, најсилното невреме што ја погоди Азија оваа година, усмртија повеќе од 230 луѓе во Виетнам и Тајланд, а надојдените реки поплавија градови во двете земји. паг/
Фото: МИА архива