• недела, 05 мај 2024

Во Охрид до 13 часот гласале 23,83 проценти од гласачите, во Дебрца излезноста 23 отсто

Во Охрид до 13 часот гласале 23,83 проценти од гласачите, во Дебрца излезноста 23 отсто

Охрид, 24 април 2024 (МИА) – Излезноста на првиот круг од претседателските избори во Охрид до 13 часот е 23,82 отсто. Според информациите од Општинската изборна комисија (ОИК) гласањето се одвива непречено и без проблеми.

До ОИК се доставени два приговори на лица кои не се најдени во избирачките списоци и се постапува по насоките на ДИК.

Излезноста на изборите во Општина Дебрца до 13 часот е 28 проценти.

Нема забелешки на досегашниот тек на изборниот процес. аб/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан