• вторник, 05 ноември 2024

Во Куманово тркалезна маса за размена на идеи во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на корупција на Општините во Северна Македонија“

Во Куманово тркалезна маса за размена на идеи во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на корупција на Општините во Северна Македонија“

Куманово, 12 март 2024 (МИА) - Прва тркалезна маса за размена на идеи со локалните лидери во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на корупција на општините во Северна Македонија“ се одржа денеска во Куманово, информираа од општината. Развивање на механизми, процедури за подобрување на транспарентноста на општините е целат на проектот кој го имплементира Националниот демократски институт, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

На состанокот присуствуваат претставници од локалната власт, градоначалник, претседател на совет, раководители на сектори и одделенија од општината.

- Ќе бидат предложени процедури и механизми за подобрување на системите за внатрешна контрола и на контролните механизми, за да се намалат дискреционите овластувања во општините и да се зајакне транспарентноста и одговорноста на општинските институции. Со ова ќе се зајакнат капацитетите на граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор за подобро следење на процесите на донесување одлуки и испорачување на услуги на локално ниво, како и намалување на ранливоста кон корупција на општините, преку воспоставување и институционализацијата на одржливи механизми за внатрешна контрола. Проектните активности се одвиваат во: Куманово, Битола, Боговиње, Гази Баба, Струмица и Штип, велат од Општината.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски информираше дека според Центарот за граѓански комуникации Општина Куманово е во најдобрата група институции за активна транспарентност, а е на прво место од општините во Североисточниот плански регион, со индекс на транспарентност од 95,8 проценти.

-Продолжуваме посветено, отчетно и транспарентно да работиме за граѓаните на Куманово, обајви Димитриевски.

НДИ ќе соработува со партнерите: Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје, Државниот инспекторат за локална самоуправа, Бирото за јавни набавки, Здружение на единиците на локалната самоуправа, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција, Здружението на новинари на Македонија и Отворено владино партнерство на локално ниво, како и бројни меѓународни консултанти. ам/сст/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан