• сабота, 04 мај 2024

Во Куманово пријавени 180 болни и немоќни лица за гласање

Во Куманово пријавени 180 болни и немоќни лица за гласање

Куманово, 22 април 2024 (МИА) - Во Куманово право на глас имаат 93.364 гласачи кои гласаат на 167 избирачки места, информираа денеска од општинската изборна комисија Куманово (ОИК).

- Утре, ќе гласаат 159 затвореници во затвор Куманово (К’шање) од 41 општина и 180 болни и немоќни лица, изјави претседателката на ОИК Куманово, Елизабета Стојковска.

Според ДИК, најголемо избирачко место во Куманово е 1051 со 1.274 гласачи, а најмало по број на гласачи е избирачко место 1093 со девет гласачи.

Претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Марјан Даиловски информираше дека утре ќе гласаат осум болни и немоќни лица. Во оваа општина има 3.043 гласачи кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ќе ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

Како што информираше ДИК најголемо избирачко место во Старо Нагоричане е 1178 со 399 гласачи, а најмало по број на гласачи е избирачко место 1166 со четири гласачи.

Во Липково утре ќе гласаат 269 болни и немоќни лица, соопшти претседателката на ОИК Липково, Ајше Демири. Вкупно право на глас имаат 25.998 избирачи кои гласаат на 269 места.

Најголемо избирачко место во Липково е 1126 со 1137, гласачи, соопшти ДИК, а најмало по број на гласачи е избирачко место 1123 со 70 гласачи. ам/ир

Фото: МИА

Остани поврзан