• среда, 14 мај 2025

Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници

Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници

Скопје, 21 април 2025 (МИА) - Пожар избил во стан во скопската населба Аеродром, а сопственикот се здобил со изгореници. Заедно со неговиот син поради вдишување на чад се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

- Вчера во 5:14 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром, настанал пожар во стан, сопственост на П.Д., на возраст од 74 години. Од пожарот, со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот 52-годишен син О.Д., поради вдишување чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, појаснуваат од МВР.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита - Скопје и извршен е увид од увидна екипа од СВР - Скопје. бд/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан