• среда, 03 јули 2024

Во кавадаречко Бохула се поставува фекална канализација, колекторски систем во Бегниште 

Во кавадаречко Бохула се поставува фекална канализација, колекторски систем во Бегниште 

Кавадарци, 2 јули 2024 (МИА) - Во кавадаречко Бохула се поставува фекална канализација, колекторски систем во Бегниште, соопштија попладнево од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.  

- Станува збор за поставување на фекална канализација со комплетно нови шахти во село Бохула, во должина од 520 квадратни метри, а паралелно се работи на колекторскиот систем во село Бегниште и тоа во должина од 800 квадратни метри. Јавното претпријатие ,,Комуналец" Кавадарци заедно со Локалната самоуправа, интензивно работат на подобрување на условите за живеење за граѓаните во руралните средини, информираа од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму додадоа дека ,,Комуналец" со донација на компанијата ,,ЈА-МИ", работеле на тампонирање на сите критични места на патот Бохула – Радња, со околу 400 кубни метри локален тампон. свд/цр


Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан