• вторник, 02 јули 2024

Во Делчево презентирани активностите од проектот „Развивање на дигиталните вештини кај ромските ученици"

Во Делчево презентирани активностите од проектот „Развивање на дигиталните вештини кај ромските ученици
Делчево, 13 октомври 2022 (МИА) - Во Делчево презентирани активностите од проектот „Развивање на дигиталните вештини кај ромските ученици" кој невладината организација „КХАМ“ од Делчево го реализира заедно со партнерски организации од Хрватска и Словенија. Настанот како што информираа организаторите се реализира во рамки на таканаречените Еразмус денови 2022.
-Проектот се однесува на ромските деца кои за време на пандемијата и пред тоа, се соочуваа со потешткотии во делот на онлајн наставата. Имавме доста ученици кои имаа потешкотии во таа настава, бидејки не беа спремни за тој начин на работа без физичко присуство. И затоа овој проект има за цел преку овие проектни активности да им излеземе во пресрет на тие ученици да бидат вклучени во образвониот процес и евентуално да бидеме спремни повтоирно да бидат дигитално обучени, за да можат да ја следат наставата и да имаат подобри резултати, истакна Зекир Абдулов, модератор на денешниот настан.
Во рамки на настанот, како што додаде извршниот директор на НВО КХАМ, свое излагање имаа претставници на воспитно-образовните установи, образовни медијатори, како и советникот за образование при Општина Делчево.
-Од презентациите кои ги слушнавме од трите училишта, како и заклучоците кои ќе ги извлечеме од овие дискусии, се надевам дека ќе ги искористиме во некои наши идни проекти и идни активности, додаде Бети Толевска, извршен директор на НВО „КХАМ“ Делчево.
Паралелно, како што додадоа од делчевската невалдина организација, со заедничка методологија со организациите од двете држави, изработени се прирачници, коишто покрај тоа што ќе им служат на учениците, ќе можат да се користат и во редовната настава. вс/свс/

Остани поврзан