Во Делчево поделени 40 пакети храна за Велигден и за Рамазан
- Во Делчево денеска беше реализирана традиционалната хуманитарна акција по повод велигденските и рамазанските празници. Во рамки на оваа акција беа поделени 40 пакети со храна. Пакетите како што информираа од Општината беа дистрибуирани во Здружението на пезнионерите во Делчево, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево, како и до Џамискиот одбор на градската џамија „Султан Мехмед Фатих ıı“.
Делчево, 13 април 2023 (МИА) - Во Делчево денеска беше реализирана традиционалната хуманитарна акција по повод велигденските и рамазанските празници. Во рамки на оваа акција беа поделени 40 пакети со храна. Пакетите како што информираа од Општината беа дистрибуирани во Здружението на пезнионерите во Делчево, црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево, како и до Џамискиот одбор на градската џамија „Султан Мехмед Фатих ıı“.
-Општина Делчево заедно со компанијата „Зегин“ и оваа година ја реализира хуманитарната акција чија цел е да се обезбеди побогата празнична трпеза и да се помогне на семејствата достоинствено да ги прослават празниците и да се покаже на дело дека никој не е заборавен, истакнаа од Општина Делчево.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски додаде дека Хуманоста е широк поим што значи да се помага секогаш и во секој момент кому било и на кој било начин, без оглед на верска, етничка и национална припадност.
Хуманитарните пакети кои ги добија гореспоменатите субјекти како што додадоа од Општината ќе.бидат дистрибуирани до своите верници на кои оваа помош им е непоходна и добредојдена. вс/ев/