Во Делчево заврши Малата олимпијада за основни училишта
- Во Делчево завршија натпреварите во женска одбојка и машки ракомет во рамки на вториот и последен ден од Малата олимпијада за основни училишта. Во рамки на денешните ракометни натпревари шампионскиот пехар го освои екипата на ООУ „Јосип Броз - Тито“ од Струга, додека екипата на ООУ „Лирија“ од Тетово освои златен медал во одбојка во женска конкуренција.

Делчево, 15 мај 2025 (МИА) - Во Делчево завршија натпреварите во женска одбојка и машки ракомет во рамки на вториот и последен ден од Малата олимпијада за основни училишта. Во рамки на денешните ракометни натпревари шампионскиот пехар го освои екипата на ООУ „Јосип Броз - Тито“ од Струга, додека екипата на ООУ „Лирија“ од Тетово освои златен медал во одбојка во женска конкуренција.
Претседателот на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, проф. др. Александар Туфекџиевски ги поздрави сите ученици кои решија уште од мали нозе да се вклучат во овие настани, на тој начин градејки ја својата спортска иднина.
-Почитувани ученички и ученици најпрво вам ви се обраќам, бидејки вие сте се вклучиле во спортот, градејки ја вашата спортска иднина. Дојдовте до врвот и се надевам за неколку години од вас ќе произлезат поединци кои ќе ја претставуваат Македонија и надвор од границите. Голем поздрав и за градот Делечво до сите колеги вклучени во училишниот спорт и до општината која го поддржува спортот и особено училишниот спорт, рече Туфекџиевски.
За победничката екипа од Струга денениот ден е многу радосен бидејки покажале дека ракометот е најважниот спорт за младите од Струга.
-Им посакуваме на останатие да работат напорно и ќе дојде резултатот, истакна еден од ракометарите на победничката екипа.
Победивме со 2:0 во финалето со екипата на Владо Тасевски и многу сме среќни за освоеното прво место, додаде капитенот на победничката екипа во одбојка.
Покрај училиштето домаќин ООУ „Св.Климент Охридски“ Делчево на завршниот ден од Малата олимпијада за основни училишта на турнирот во одбојка учествуваа и ООУ „Видео Подгорец” Струмица, ООУ „Лирија” Тетово и ООУ „Владо Тасевски” Скопје, додека во ракомет покрај домаќините настапија и ООУ “Св.Климент Охридски “Облешево, ООУ „Јосип Броз Тито “Скопје и ООУ “Кирил Пејчиновиќ “Скопје. Домаќини на Малата олимпијада за основни училишта беа Делчево и Кочани. вс/аа/
Фото: МИА