• четврток, 09 мај 2024

Во Дебар одбележан 7 март, денот на албанскиот учител

Во Дебар одбележан 7 март, денот на албанскиот учител

Дебар, 7 март 2024 (МИА) - Со повеќе активности, денеска во Дебар беше одбележан Денот на албанскиот учител, 7 март.

Во сите училишта беше одржан час посветен на денот, беа организирани програми со рецитали, а посебна културно уметничка програма беше одржана во ООУ„Саит Најдени“, на која присуствуваа претставнци на локалната власт, на институции, како и на пензионирани просветени работници.

Градоначалникот Хекуран Дука и претседателот на Советот на општината Фуат Спахиу, советници, вработени во локалната самоуправа, директорите на училиштата, оддадоа почит за нивниот придонес и положија цвеќе на бистите на албанските преродбеници Саид Најдени и Јосиф Багери, кои се поставени во центарот на градот.

- Седми март зазема посебно место во историјата на албанскиот народ бидејќи на денешен ден 1887 година во Корча е отворено првото училиште на албански јазик, додека една година подоцна преродбеникот од Дебар Саит Најдени го отворил првото училиште на албански јазик во Дебар. Денеска имаме можност да се образуваме на нашиот мајчин јазик на сите можни нивоа. Имаме и три универзитети, каде се школуваме на мајчин јазик, рече меѓу другото Дука.

Од свое и од име на Советот и општинската администрација тој упати срдечни честитки, со желби за успех, до сите просветни работници, ученици, студенти, раководителите на училиштата, на граѓаните на Дебар и на дебрани кои денес живеат и работат странство.

По отворањето на првото училиште на албански јазик, на 7 март пред 137 години, во градот Корча, Албанија, овој ден е одреден како ден на албанскиот учител. вт/дма/

 

Фото: МИА

Остани поврзан