• понеделник, 23 декември 2024

Општина Велес одбележа 79 години од победата над фашизмот

Општина Велес одбележа 79  години од победата над фашизмот

Велес, 9 мај 2024 (МИА) - На Спомен костурницата од НОВ денеска Општина Велес го одбележа 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и 79 години во слобода. По тој повод, делегацијата на Општината предводена од градоначалникот Мако Колев положи цвеќе на спомен криптата, каде почиваат стотина загинати борци во текот на Народноослободителната војна од Велес и велешко.

Цвеќе положија и делегации на пратениците и советниците, политичките партии и училишта и се поклонија на македонски борци загинати за слободна Македонија.

На свеченоста беше потсетено дека на овој ден во 1945 година со потпишување на безусловна капитулација на нацистичка Германија официјално беше ставен крај на Втората светска војна, која однесе 50 милиони животи, а во која борба и Македонија даде 33 илјади жртви.

Градоначалникот Колев во изјавата за медиумите истакна дека и Велес како нераскинлив дел од историското мннато на македонскиот народ денеска се поклони пред неколку стотиците загинати борци чии мошто почиваат на Спомен костурницара.

-Денеска Општина Велес го чествува овој значаен ден за Велес, за Македонија и за цела Европа - Ден на победата над фашизмот. Денеска се навршуваат 79 години во слобода и нема поубаво чувство на човек да живее во слобода. Никогаш да не се повтори, но никогаш и да не се заборави тоа што се случило и треба секогаш за тоа да ги потсетуваме новите генерациии, истакна Колев.ад/бт/

Фото: МИА

Остани поврзан