• петок, 21 јуни 2024

Во Гостивар до 15 часот излезеноста за претседателските под 20 проценти, за парламентарните 26,6 проценти

Во Гостивар до 15 часот излезеноста за претседателските под 20 проценти, за парламентарните 26,6 проценти

Гостивар, 8 мај 2024 (МИА) – По последниот пресек за излезеноста на изборите во општина Гостивар граѓаните покажале поголем интерес за гласање за претставници во Собранието. 

Според податоците на Државната изборна комисија, до 15 часот за парламентарните избори правото на глас го искористиле 21.851 граѓанин (26,81%), додека во вториот круг од претседателските избори, гласале 14.911 граѓани (18,31%). 

Засега, нема поголеми пречки во одвивањето на изборниот процес.згм/вј/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан