• недела, 29 септември 2024

Во Гази Баба викендов Хип Хоп фест

Во Гази Баба викендов Хип Хоп фест
Скопје, 3 септември 2022 (МИА) - Во Домот на култура „Димитар Влахов“ и на плоштад Коцка во населбата Гази Баба денеска и утре ќе се одржи ГАЗИ БАБА ХИП ХОП ФЕСТ. Организаторите информираат дека настанот ќе се реализира бидејќи на младите во Скопје, посебно во Гази Баба, им е потребно заживување на алтернативната културна сцена.Учесници на фестивалот се хип хоп активисти од Гази Баба и пошироко. Сабота е ден наменет за тинејџерите кои можат да присуствуваат на танцов перформанс на колективот Еурека, а подоцна и на теориска и практична обука (цртање на графити на отворено) за графити уметноста со Vutar.95. Во недела ќе се одржи интерактивна трибина на актуелна тема – хип хоп културата во општество на конзумеризам со Кацар и Сузи Тенева на која посетителите ќе можат да се вклучат со своето мислење, по што ќе следи рап концерт и неформална хип хоп дружба со Давид Блек, Пецо Исток, Алфа и Тони Зен. За анимација на публиката во недела со почеток од 18 часот ќе биде задолжен DJ Drazi Drags. Настанот е во организација на општина Гази Баба и Домот на култура „Димитар Влахов“ и е бесплатен за сите. ев/лв/

Остани поврзан