• понеделник, 20 мај 2024

Во Битола продолжи акцијата за отстранување нелегални објекти гаражи

Во Битола продолжи акцијата за отстранување нелегални објекти гаражи
Битола, 21 ноември 2022 (МИА) - Општина Битола продолжи со акцијата за отстранување на нелегално поставени објекти гаражи на јавни површини. Во акцијата сопствениците на објектите самоиницијативно вршат отстранување на т.н. „диви гаражи“, некои користат поддршка од екипи на ЈКП „Нискоградба“, а дел од одамна напуштените гаражи со инспекциски налог ги отстранува ЈКП „Нискоградба“-Битола. -Деновиве исчистен е јавниот простор на аголот од улиците „Васко Карангелески“ и „13 Јули“, односно местото викано „Кај декорпод“, а претходно беа отстранети дивите гаражи во центарот на градот „Кај ЈАТ“ и во непосредна близина на Овчи Пазар кај улицата „Цане Василев“. Акцијата е прифатена од граѓаните и таа ќе продолжи, најавија од локалната самоуправа. На местата од отстранетите нелегално поставени објекти на јавни површини во градот, Општина Битола ќе изврши уредување на просторот, урбанизирање, нов паркинг простор, а во најгопем дел детски паркови и клупи за одмор. мт/цр

Остани поврзан