Во Берово потпишани договорите за финансирање на невладини организации за 2025 година
- Во рамките на активностите на Општина Берово за поддршка на граѓанскиот сектор, денеска потпишани се договорите за финансирање на проекти од јавниот повик за невладини организации.

Берово, 12 март 2025 (МИА) - Во рамките на активностите на Општина Берово за поддршка на граѓанскиот сектор, денеска потпишани се договорите за финансирање на проекти од јавниот повик за невладини организации.
Од вкупно поднесените шест апликации, како што информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, финансискии ќе бидат поддржани сите шест предлог проекти.
-Поточно, ќе бидат поддржани сите невладини организации, кои на повикот се јавиле со комплетни документи, распоредувајќи ги средствата според содржината на поднесените предлог проекти. Проекти кои ќе се финансираат, имаат за цел, подобрување на квалитетот на живот во општината, во повеќе општествени сфери: од заштита на животната средина, спорт, култура, туризам, истакна Пекевски.
Според донесената одлука како што додаде распределени се средства во изност од 1,48 милиони денари.
-Поддршка добија Здружението Владимирски Илинденски Средби (60.000,00 денари), Оф Роуд Малеш Берово (30.000,00 денари), ОФК Малеш Берово (1.200.000,00 денари). Здружение на граѓани ,,Света Тројца Русинска“- с. Русиново Берово (45.000,00 денари), Национално здружение на сопствениците на приватни шуми на Македонија (50.000,00 денари) и Здружение на граѓани ,,Ратевски Бамбурци” (100.000,00 денари) На сите им посакувам успешна работа и реализација на предвидените активности, додаде Пекевски.
Општина Берово како што додаде и понатаму останува расположена за партнерска соработка со граѓанските организации. вс/са/
Фото: МИА